• сабота, 04 мај 2024

ЕП кошарка А-дивизија: Кадетите загубија од Шпанија, во осминафиналето ќе играат со Турција

ЕП кошарка А-дивизија: Кадетите загубија од Шпанија, во осминафиналето ќе играат со Турција
Скопје, 14 август 2022 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Шпанија со 86:59 во 3. коло од Д-групата на Европското првенство кое се игра во Скопје. Победникот беше решен уште по првото полувреме кое Шпанците го добија со 48:22. За македонскиот национален тим ова беше втор пораз во третиот настап доволно за третото место во групата, Шпанија со биланс две победи и еден пораз се на втората позиција. Во осминафиналето, македонската репрезентација ќе се соочи со Турција. Победа во тој натпревар, значи и најмалку осмо место на шампионатот, пораз значи битки за опстанок во друштвото на најдобрите кадетски селекции во Европа. зс/

Остани поврзан