• недела, 22 декември 2024

Ен Хатавеј проговори за мајчинството

Ен Хатавеј проговори за мајчинството
Лос Анџелес, 24 март 2022 (МИА) - Глумицата Ен Хатавеј зборуваше за мајчинството и нејзините деца во интервју за списанието „Даблју-ес-џеј“ (WSJ). Таа, инаку, е мајка на Џонатан Роузбенкс (6) и Џек (2) и открива дека „никогаш не се чувствувала повеќе своја“ откако станала мајка. - Не би рекла дека ми недостига интегритет, туку тоа ми дозволи да бидам целосно и на сите нивоа доследна на мојот збор... А, тоа значеше да престанам со сите глупости!, појаснува таа. Иако глумицата која е на крајот од четвртото десетлетие од својот живот, се гледа себеси со уште едно дете, таа е свесна за предизвиците на бременоста сега. - Може бременоста и породувањето да се покажат како нешто позитивно. Но, од сопственото искуство знам дека е многу посложено... И кога ќе сфатиш дека твојата болка ја споделуваат и други луѓе, не се чувствуваш така сам со тоа чувство, вели таа. Ѕвездата на новата ТВ-серија „Затрескани“ (WeCrashed) се надева дека нејзините деца нема да одат во киноиндустријата прерано. - Веројатно ќе им го дадам истиот совет што ми го дадоа моите родители, имено - „Имаш многу време за да станеш професионална глумица, но можеш да бидеш дете само еднаш“, изјави Ен. За неа и сопругот Адам Шулман, сега е важно нејзините деца да учат, да посетуваат настава и да читаат. - Мислам дека ќе можат веќе на факултет да откријат што сакаат да прават со нивните животи, заклучи таа.  си/

Остани поврзан