• среда, 16 септември 2026

Енцо Фернандез во Манчестер Сити за рекордни 125 милиони фунти

Енцо Фернандез во Манчестер Сити за рекордни 125 милиони фунти

Лондон, 1 септември 2026 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер Сити ќе го израмни рекордот за најскап трансфер во историјата на англискиот фудбал, откако постигна договор со Челзи да го донесе во своите редови Енцо Фернандез за сума од 125 милиони фунти.

Како што објави вечерва Би-Би-Си, аргентинскиот играч од средниот ред треба да потпише долгорочен договор со Сити, откако ќе ги мине задолжителните медицински прегледи.

Во 2023 година, Фернандез дојде во Челзи од Бенфика за тогаш рекордни 107 милиони фунти, додека сегашниот рекорд од 125 милиони го постави Ливерпул минатото лето за Александар Исак.

Фернандез на беше во составот на Челзи во премиерлигашките победи против Брајтон и Лутон, а медиумите во Аргентина тоа било на негово барање.

Со овој трансфер, Сити втор пат ова лето ќе го собори клупскиот рекорд, откако претходно го доведе Елиот Андерсон од Нотингем Форест за 116 милиони фунти. ег

ФОТО: ЕПА