• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Енеа Бастијанини победник на седмата трка во Мото ГП шампионатот

Енеа Бастијанини победник на седмата трка во Мото ГП шампионатот

Ле Ман, 15 мај 2022 (МИА) - Италијанскиот возач Енеа Бастијанини е победник на седмата трка во Мото ГП шампионатот сезонава што се одржа во Ле Ман, за Големата награда на Франција.

Второто место го освои возачот на Дукати, Џек Милер, а третото, членот на „Априлија“, Алеш Еспаргаро, додека, актуелниот светски шампион Фабио Квартараро, заврши на четврто место. Шампионатот продолжува на 29 мај со трката за Големата награда на Италија. ар/бак/

Остани поврзан