• сабота, 13 јули 2024

Емил Павлов се пласира во финалето на СП во Дубаи

Емил Павлов се пласира во финалето на СП во Дубаи
Дубаи, 17 ноември 2021 (МИА) – Македонскиот каратист Емил Павлов избори финале на Светското првенство во Дубаи. Македонецот ќе се бори за златото категоријата до 67 килограми,откако во полуфиналето го победи Мартиал Тадиси од Унгарија. Противник на Павлов во борбата за златниот медал ќе биде Стивен Дакоста од Франција. Мечот треба да се одржи в сабота околу 18 часот. На патот до финалето, Павлов ги победи Хомола од Словачка, Сајматов од Узбекистан, Хамат од Јордан, Елксави од Египет и денес Тадиси од Унгарија. зс/

Остани поврзан