Емери: Ако Баерн го покаже најдоброто, ќе биде фаворит
- Тренерот на Виљареал, Унаи Емери, ги сподели своите очекувања за реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн.

Минхен, 12 април 2022 (МИА) - Тренерот на Виљареал, Унаи Емери, ги сподели своите очекувања за реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн.
- Мораме да покажеме почит кон Баерн. Ќе биде многу тежок натпревар, но мора да знаеме како да реагираме. Не е тајна дека се навикнати да постигнуваат многу голови дома – тоа им е сосема природно. И тие не почитуваат нас, но доколку Баерн ги покаже своите најдобри квалитети, тие ќе бидат фаворити. Дома ќе ја почувствуваат својата сила и ќе пристапат на натпреварот со оптимизам, изјави Емери за официјалната веб-страница на УЕФА.
Натпреварот Баерн - Виљареал ќе се одигра во Минхенвечер со почеток во 21 часот.
На првиот дуел шпанскиот клуб победи со резултат 1:0. зс/