• петок, 22 ноември 2024

ЕМА: Обилната менструација е можен несакан ефект на вакцината мРНК против Ковид-19

ЕМА: Обилната менструација е можен несакан ефект на вакцината мРНК против Ковид-19
Женева, 28 октомври 2022 (МИА) - Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача обилно менструално крварење да се додаде на листата несакани ефекти од вакцината мРНК против Ковид-19 произведена од Модерна, како и од партнерите Фајзер и БиоНТек. Извештаи за обилни менструации - крварење кое се карактеризира со зголемен волумен и/или времетраење што го попречува квалитетот на животот - се забележани во клиничките испитувања, од случаите во реалниот свет и во медицинската литература, соопшти ЕМА. Случаите - кои беа главно не се сериозни и се привремени по природа - беа пријавени по првата, втората и засилената доза на вакцините, се додава во соопштенито. Регулаторот сега заклучи дека постои барем „разумна можност“ обилно менструално крварење да е причински поврзано со овие вакцини. Менструалните нарушувања може да се појават поради повеќе причини, вклучувајќи хронични болести, стрес и замор. Здравствените власти нагласија дека се евидентирани вакви случаи и по заболување од Ковид-19. ссм/

Остани поврзан