• среда, 10 јули 2024

Елче може да го оспори резултатот од мечот против Барселона

Елче може да го оспори резултатот од мечот против Барселона

Мадрид, 2 април 2023 (МИА) – Елче може да го оспори резултатот од мечот со Барселона поради учество на натпреварот на Гави.

 

Во 27. коло од Ла Лига, Барселона вчеравечер победи со 4:0. Гави беше во стартниот состав на Каталонците и целиот меч го мина на теренот. Претходно, регистрацијата на играчот од средниот ред како играч во првиот тим на Барселона беше откажана.

 

Според „Копе“, Елче размислува да го обжали исходот од натпреварот поради учеството на Гави, бидејќи според правилата на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), на играчот му е забрането да игра до крајот на сезоната поради веќе откажана регистрација. Формално, Гави не може да игра ниту за главниот, ниту за младинскиот тим.

 

Новинарите од „Копе“ се обратија до Ла Лига за коментар. Лигата забележа дека Барса ништо не прекршила, а Гави сега важи за играч во младинскиот тим - како што беше пред потпишувањето на новиот договор.

 

Се известува дека конечната одлука треба да ја донесе Комитетот за натпреварување на тамошната федерацијата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан