Елче го отпушти тренерот Франциско по пет последователни порази
- Елче го отпушти тренерот Франциско Родригез по серијата од пет порази во Шпанското фудбалско првенство.

Елче, 4 октомври 2022 (МИА) - Елче го отпушти тренерот Франциско Родригез по серијата од пет порази во Шпанското фудбалско првенство.
Гол разликата на тимот во овој сегмент е 2:14. Во 7. коло Елче синоќа загуби од Рајо Ваљекано (1:2) и се наоѓа на последното место на табелата во Ла Лига со само еден освоен бод.
- Би сакале да му се заблагодариме на тренерот за неговата работа и посветеност за време на неговиот престој во клубот и напорите да обезбеди опстанок во Ла лига минатата сезона, стои во соопштението на клубот.
Четириесет и четиригодишниот Родригез го презеде водството на Елче во ноември минатата година.
Во сезоната 2021/22, тимот заврши на 13. место. зс/