• среда, 10 декември 2025

Елитни квалификации за Европско првенство за младите македонски фудбалери до 17 години

Елитни квалификации за Европско првенство за младите македонски фудбалери до 17 години

Турново, 14.октомври 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со убедлива победа од 9:0 над Гибралтар во Турново избори пласман во Елитната фаза од квалификациите за Европско првенство.

Нашата репрезентација го освои второто место во групата 2 и благодарение на подобрата гол-разлика од Унгарија е подобро пласирана. Во последното (трето) коло македонските фудбалери ги совладаа своите врсници со убедливи 9:0, а пропуштија и шанса за двоцифрена победа. На вториот дуел од групата Унгарија беше надиграна од Чешка и загуби со 7:1.

Табела: Чешка 9 бодови, Македонија 4 (11:4 гол-разлика), Унгарија 4 (11:9) и Гибралтар 0. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан