Елитна населба се гради во Сарај – вили со базени, хотел, ресторани, спа-центри
- Сместена меѓу селата Љубин и Арнакија во Општина Сарај на 15 хектари се гради првата елитна населба со 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина. Реализацијата на




Спикерот на Собранието Талат Џафери истакна дека овој проект да биде поттик и за другите бизнисмени што живеат надвор од државата и порача тие да се вратат не како печалбари, туку засекогаш да се вратат во нашата земја.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети рече дека подобра земја од нашата не видел и посочи дека се се постигнува со работа.
- Да создаваме можности, сме создавале услови бизнисмените да се вратат во нашата земја кои придонесуваат со отворањето на нови работни места. Во наши раце и можности оваа земја да ја промениме, оваа земја да ја направиме поубава и подобра од тие што ни ја оставиле во наследство, бидејќи живееме во време со многу напредување како во образование така и во науката за да им го направиме оваа земја среќна за живеење на новите генерации и тие да не си ја гледаат својата иднина во Запад, Америка, и Австралија, бидејќи сонцето подобро грее во својата земја, рече Ахмети.
- Ова е првата населба во Скопје која нуди поинаков концепт на живеење и првата елитна населба од овој вид која се гради како резултат на вашата упорност и визија. Навистина ми е драго што успеавте да препознаете дека политиките кои ги креираше Градот Скопје во изминативе 3 години, пред се, за рамномерен развој на сите делови од градот, помогнаа во вашата одлука да инвестирате во овој проект. Со нашата работа изминативе неколку години, активностите на Владата и општина Сарај, испративме порака до граѓаните и инвеститорите дека Скопје е град кој е еднаков за сите - кажа на промоцијата градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. фф/ац/