• недела, 22 декември 2024

Елизабета Втора го слави 96-от роденден

Елизабета Втора го слави 96-от роденден
Лондон, 21 април 2022 (МИА) - Кралицата Елизабета Втора денеска го слави својот 96-ти роденден во Сандрингам. Британскиот најдолговечен монарх отпатува со хеликоптер до нејзиниот имот во Норфолк, каде што ќе ѝ се придружат и семејството и пријателите. Се очекува таа да остане во викендицата, што особено му се допаѓаше на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип. Таа, инаку, во февруари го прослави и платинестиот јубилеј - 70 години на британскиот престол. Кралицата беше во Сандрингам и кога го одбележа доаѓањето на престолот во 1952 година. По повод роденденот, објавена е фотографија на која кралицата е со два коња - нејзиниот доживотен интерес и љубов кон овие животни. Сликата е направена во замокот Виндзор. Инаку, Елизабета Втора беше официјално крунисана за кралица на Обединетото Кралство на 2 јуни 1953 година. Изминативе неколку месеци, кралицата имаше проблеми со подвижноста и мораше да пропушти голем број настани, вклучително и црковните служби за Велигден.  Нејзиното единствено јавно појавување годинава, надвор од нејзините резиденции, беше на свеченоста по повод благодарноста кон принцот Филип во Вестминстерската опатија. Принцот Хари во интервју за американска телевизија посочи дека кралицата можеби го минимизира овој настан, велејќи дека „по одредена возраст родендените ви здосадуваат“. Таа е родена во 1926 година, во Лондон на улицата „Брутон“, каде најпрво живеела со нејзиниот татко и мајка си подоцнежните крал Џорџ Шести и кралицата Елизабета. Куќата каде што е родена кралицата е урната 1930-тите. За споредба, кралицата Викторија и Џорџ Трети живееле до 81-годишна возраст, а сите други англиски или британски владетели живееле под 80 години. Според бројките на Канцеларијата за национална статистика, кралицата е една од околу 124.000 луѓе во возрасната група од 95 до 99 години во Велика Британија, од кои речиси три четвртини се жени.  си/

Остани поврзан