• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Електромобилот „Нисан микра“ официјално претставен

Електромобилот „Нисан микра“ официјално претставен

Париз, 27 март 2025 (МИА) - „Нисан“ (Nissan) официјално го прикажа дизајнот на електричнaтa „Микра“ (Micra) - „близнакот“ на новиот „Рено 5“ (Renault 5). Станува збор за модел наменет за европскиот пазар, којшто треба да се појави оваа година.

Ова ќе биде петта генерација „Микра“, но прва со електричен погон. Автомобилот од јапонскиот мултинационален автопроизводител ја дели „ЦМФ-БЕВ“ платформата со технички затворениот „Рено“ и ќе се произведува во француската фабрика во месноста Дуе. Дизајнот ги следи елементите на моделот „K-12“ од 2002 година, особено кружните предни и задни светла, но и многу од елементите што го красеа концептот за 2020 - 23 година.

Клиентите ќе можат да избираат меѓу капацитетот на батериите од 40 и 52 киловат-часови. Поголемата ќе обезбедува опсег од нешто повеќе од 400 километри со едно полнење. Засега нема податоци за моторите, но „Рено 5“, на пр. е достапен со електромотори од 120 и 150 коњски сили.

Дизајнот на електричната „Микра“ е создаден во седиштето на „Нисан“ во Лондон, но проектот е развиен во соработка со француски „Рено“. Главниот дизајнер на компанијата, Алфонсо Албаиса, изјави дека ова е најблиската соработка со француската компанија во историјата.

Цената сè уште не се соопштува, но раководителот на „Нисан“ за Европа, Франсоа Бајли навести дека овој електромобил ќе биде најприфатливиот модел на марката. Со оглед на тоа што „Рено 5“ чини 33.000 евра, нешто слично се очекува и за цената на „Микра“.  си/ссм/

Фото: Јутјуб, фотоисечок

Остани поврзан