Електродистрибуција: Поради пожарот кај Вардариште превентивно исклучен далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром” и „Исток”
- По барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај Вардариште, превентивно беше исклучен далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром” и „Исток”, информираат од Електродистрибуција.
Скопје, 31 август 2025 (МИА) - По барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај Вардариште, превентивно беше исклучен далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром” и „Исток”, информираат од Електродистрибуција.
Оваа мерка, како што велат, е преземена од безбедносни причини, со цел да се овозможи гаснење на пожарот и да се спречат поголеми дефекти на мрежа.
-Нашите екипи се веќе на терен и се подготвени да интервенираат, но чекаат официјално одобрение од Противпожарната бригада за да можат безбедно да го нормализираат снабдувањето со електрична енергија, нагласуваат од Електродистрибуција.бк/вј/
Фото: МИА архива