• недела, 22 декември 2024

ЕК ја одобри кандидатурата на Ѕиѕикостас за комесар за одржлив транспорт и туризам

ЕК ја одобри кандидатурата на Ѕиѕикостас за комесар за одржлив транспорт и туризам

Атина, 5 ноември 2024 (МИА) – Со 39 гласа, девет повеќе од потребното двотретинско мнозинство, Европската комисија ја одбори кандидатурата на Апостолос Ѕиѕикостас за комесар за одржлив транспорт и туризам, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации против гласала германската крајна десница, а левичарската група (LEFT) била воздржана.

Дел од медиумите во Грција пишуваат дека за време на сослушувањето на Ѕиѕикостас не изостанала и тензијата поради железничката несреќа кај Темпи во февруари минатата година, а новиот грчки комесар во неговиот воведен говор рекол дека безбедноста на железниците ќе биде главен приоритет.

Грчката европратеничка од редовите на Нова демократија Елиза Воземберг на платформата „Х“ синоќа напиша дека сослушувањето на предложениот комесар за одржлив транспорт и туризам „формално е завршено“.

-Како претседател на Комитетот за транспорт и туризам со задоволство можам да информирам дека процесот беше транспарентен и демократски, при што сите членови се придржуваа до процедурите. Иако расправата заврши, нашата работа продолжува бидејќи сега преминуваме во фазата на евалуација од страна на координаторите на комисиите.Вака функционира демократијата во пракса, напиша Воземберг.

Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Ѕиѕикостас беше кандидат на Грција за комесар во новата Европска Комисија.

Новиот грчки комесар пред да замине за Брисел беше префект на периферијата Централна Македонија во северниот дел на Грција. ср/мс/

Остани поврзан