• понеделник, 23 декември 2024

ЕК продолжува да помага за репатријација на европските граѓани

ЕК продолжува да помага за репатријација на европските граѓани
Брисел, 19 март 2020 (МИА) – Европската Комисија соопшти дека придонела за 75 отсто во летовите за репатријација на европските граѓани, блокирани надвор од нивната држава за време на кризата со коронавирусот. Европската Унија помага преку Цивилниот механизам за заштита да се организираат репатријациите на граѓаните. Германија организирала тринаесет летови во текот на оваа недела за да врати назад граѓани од Египет, Мароко, Филипини, Тунис и Аргентина. - Сите трошоци за летовите имаат придонес од 75 отсто од Европската Комисија, нагласија прес службите. Оваа недела, исто преку овој механизам, вратени се 604 туристи заглавени од Мароко со лет на Аустријан Ерлајнс. Досега вкупно 1.159 европски граѓани добиле помош од ЕУ за репатријација од Вухан, Јапонија, Оукленд и Мароко. Вчера е организиран и лет од Виетнам каде се наоѓаат повеќе граѓани на ЕУ кои сакаат да се вратат дома. тм/гт/

Остани поврзан