Експлозија во електрана во Индија, загинаа пет работници
- При експлозија во електрана во јужниот дел на Индија загинаа најмалку пет работници, а 15 се повредени, соопшти полицијата.

Њу Делхи, 1 јули 2020 (МИА) - При експлозија во електрана во јужниот дел на Индија загинаа најмалку пет работници, а 15 се повредени, соопшти полицијата.
- Повредените се веднаш хоспитализирани во државата Тамил Наду, истакна полицискиот претставник Суреш Канан, додавајќи дека е во тек истрага за причината за експлозијата.
На местото на инцидентот веднаш биле испратени пожарникарски служби и спасувачки екипи.
Електраната се наоѓа во Нејвели, во округот Кудалоре, и има околу 2.000 вработени.
Ова е втора експлозија за два месеца во истата електрана. гт/