• среда, 10 април 2024

Експлозивна направа експлодира во близина на израелската амбасада на Кипар

Експлозивна направа експлодира во близина на израелската амбасада на Кипар

Никозија, 21 октомври 2023 (МИА) - Мала импровизирана бомба утринава експлодирала во близина на израелската амбасада во кипарската престолнина Никозија, јави ДПА.

Полицијата приведе четворица мажи на возраст меѓу 17 и 21 година, јави Кипарското радио, повикувајќи се на локалните власти.

Импровизираната експлозивна направа била активирана на околу 30 метри од влезот на израелската амбасада.

Нема оштетувања на зградата.

Се претпоставува дека четворицата приведени се од Сирија. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан