Експерти: Пожарите во Албанија предизвикаа најмалку милион евра штета во земјоделството
- Досега, само во земјоделството, штетата се проценува на еден милион евра, бидејќи според податоците, изгорени се најмалку 1.000 пчелни сандаци и 4.000 грла говеда. Но, оваа бројка може да биде многу пати поголема во наредните денови, бидејќи екипата за ветеринарна инспекција сè уште не била во можност да ги посетат сите села зафатени од пожарите.
Тирана, 16 август 2025 (МИА) - Пожарите што ги зафатија селата во Албанија предизвикаа голема економска штета на семејствата чии домови или добиток беа уништени.
Досега, само во земјоделството, штетата се проценува на еден милион евра, бидејќи според податоците, изгорени се најмалку 1.000 пчелни сандаци и 4.000 грла говеда. Но, оваа бројка може да биде многу пати поголема во наредните денови, бидејќи екипата за ветеринарна инспекција сè уште не била во можност да ги посетат сите села зафатени од пожарите.
-Да направиме едноставна пресметка. Имајќи предвид дека еден сандак со пчели чини 250-300 евра, од 1.000 оштетени пчели, имаме 300 илјади евра штета само кај пчелите. Ако потоа го пресметаме бројот на изгорен ситен добиток, кои се некаде околу 4.000, а една глава чини 150-200 евра, вредноста на штетата оди на 900 илјади евра, вели економскиот експерт, Клодијан Мучо за Топ чанел.
Според него, иако се знае дека земјоделците ќе бидат субвенционирани за угинатиот добиток, од друга страна, сè уште нема одлука дали истото ќе се стори и со оние фарми каде што чумата ги уништи овците и козите. Како резултат на оваа инфекција, досега се уништени 2.164 грла.
Но, пожарите не само што изгореа куќи и добиток, туку и илјадници хектари земјоделски површини со култури, како што се маслинови или овошни садници.
-За вторите, сè уште нема статистички информации за изгорената површина и дали албанските земјоделци ќе бидат обештетени. Мора да имате предвид дека 1 хектар шума чини 15-25 илјади евра, сè има цена, не сметајќи ги изгорените куќи, објаснува Мучо.
Но, намерно предизвикани пожари или не, додава тој, не се нов настан за Албанија, бидејќи секое лето, илјадници хектари земјоделски површини се зафатени од пламен, а за ова, според него, владата мора да биде финансиски подготвена.
-Не попусто во извештајот на Светската банка се наведува дека Албанија треба да издвои 6-8 милијарди евра за заштита од климатските промени, посочува тој.
Според Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS) од јануари до 10 август, низ целата земја биле опожарени над 54 илјади хектари земјоделски површини. вт/ссм/
Фото: принтскрин Топ чанел