• недела, 22 декември 2024

Експанзијата на Заедничкиот регионален пазар е од витално значење за растот на економиите од Западен Балкан и нивно поврзување со ЕУ

Експанзијата на Заедничкиот регионален пазар е од витално значење за растот на економиите од Западен Балкан и нивно поврзување со ЕУ

Скопје, 23 јануари 2024

ЦЕФТА ја нагласи важноста од проширувањето на Заедничкиот регионален пазар на лидерскиот состанок во Скопје посветен на Планот за раст на Западен Балкан.

Скопје, [23, јануари] – В.Д. Директорката на Секретаријатот на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Данијела Гачевиќ, во своето обраќање на вчерашниот состанок на лидерите од регионот посветен на Планот за раст на Западен Балкан ја нагласи клучната улога на ЦЕФТА во унапредувањето на иницијативата за Заеднички регионален пазар и поттикнување поблиски врски меѓу економиите од Западен Балкан и единствениот пазар на ЕУ.

На состанокот Гачевиќ ја потврди непоколебливата посветеност на ЦЕФТА за унапредување на економската интеграција, трговската либерализација, дигитализацијата и регионалната соработка меѓу страните.

„Имплементацијата на тековниот Акциски план за Заеднички регионален пазар и развивањето на новиот се од витално значење за создавање нови можности, привлекување инвестиции и зајакнување на соработката во ЦЕФТА и со ЕУ“, рече Данијела Гачевиќ, додавајќи дека активностите на ЦЕФТА беа клучни во усогласување на економиите од Западен Балкан со принципите и стандардите на Европската Унија преку усогласување на регулативите, подобрување на пристапот на пазарот и поттикнување на создавањето погодно деловно опкружување за привлекување странски инвестиции.

„Новиот Акциски план ни дава можност да внесеме амбиција и иновации во трговската арена, усогласувајќи се со визијата на Новиот план за раст. Овој синергистички пристап не само што го поттикнува растот во Западен Балкан, туку и поттикнува зајакната соработка со ЕУ“, изјави Гачевиќ и потсети на досегашната работа „Нашите заеднички напори ги насочуваат економиите од Западен Балкан кон конвергенција со Европската Унија, приближувајќи нè до заедничката цел за попросперитетен и постабилен регион“.

ЦЕФТА останува посветена на поттикнување на економскиот раст, трговската експанзија и одржливиот развој на Западен Балкан. Додека регионот го продолжува својот пат кон пристапување во ЕУ, ЦЕФТА ќе продолжи да служи како катализатор за напредок и застапник за економска интеграција.

ЦЕФТА - Канцеларија во РСМ

_______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ЦЕФТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан