Еко акција на Тиквешко Езеро, во Кавадарци одбележан Светски ден на животна средина
- Со еколошка акција, чистење на отпад од брегот на Тиквешко Езеро, екологистите од еколошкото друштво ,,Еко - живот", го одбележаа Светскиот ден на животната средина.
Кавадарци, 5 јуни 2025 (МИА) - Со еколошка акција, чистење на отпад од брегот на Тиквешко Езеро, екологистите од еколошкото друштво ,,Еко - живот", го одбележаа Светскиот ден на животната средина.
- Учествуваа еко активисти од нашето регионално еколошко друштво, заинтересирани љубители на природата, ученици од основните општински училишта ,,Димката Ангелов Габерот", ,,Страшо Пинџур" и средното стручно општинско училиште ,,Киро Спанџов-Брко". Ги повикавме и сите сопственици на викендици во тој регион, кои секојдневно ја користат благосостојбата од Тиквешкото езеро, да ни се придружат на акцијата, појаснија од ,,Еко -живот".
Притоа беше истакната голема благодарност до учесниците кои помогнаа да се одржи денешната активност, како и за големата поддршка од страна на ,,Ми комерц" и ,,Кожувчанка".свд/дма/
Фото : Фејсбук на ,,Еко - живот"