Еко-предавање во училиштето „Дитурија“ во општина Сарај
- Присутни биле четириесетина ученици од осмо одделение, кои имале можност да се запознаат со работата и активностите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје.
Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје информираат дека денеска било одржано еко-предавање во ООУ „Дитурија“ во општина Сарај. Присутни биле четириесетина ученици од осмо одделение, кои имале можност да се запознаат со работата и активностите на ова претпријатие.
- На учениците им беше посочено како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање. Како нагледни средства при предавањето се употребуваа гранулатот, сецканата пластика, синтетичкото влакно и пластичните претформи, а беа презентирани и видео-материјали на тема „рециклирање на отпадот“, појаснуваат од претпријатието.
Примарната цел на реализираната еко-едукација била развивање еколошка свест кај најмладите за нивната улога во одржувањето здрава и чиста животна околина. бд/дма/
Фото: Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје