Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје за една работна недела изготвила 16 записници, отстранети повеќе диви депонии
- Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје од 16 септември 2024 година до денеска изготвила вкупно 16 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање големи количини градежен отпад на јавни површини во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Аеродром.

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје од 16 септември 2024 година до денеска изготвила вкупно 16 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање големи количини градежен отпад на јавни површини во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Аеродром.
Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, во текот на изминатото деноноќие екипите на претпријатието отстраниле повеќе диви депонии лоцирани на улиците „Војвода Васил Чакаларов“ во општината Карпош и „Цветан Димов“ во општината Чаир, како и на булеварот „Партизански одреди“ во општината Центар. мд/са/
Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје