• понеделник, 23 декември 2024

Еколошка акција за чистење на дел од крајбрежјето на реката Вардар

Еколошка акција за чистење на дел од крајбрежјето на реката Вардар
Скопје, 21 март 2021 (МИА) - Еколошка акција за расчистување на една од дивите депонии на крајбрежјето на реката Вардар ќе се спроведе денеска во пресрет на 22 март, Светски ден на водите.
Еколошката акција ја организира граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сѐ“, а ќе се одржи
на Кејот на реката на Вардар во Скопје.
- Неконтролираното исфрлање на цврстиот отпад на крајбрежјата на реките и езерата е еден од најсериозните проблеми за нивното загадување. Поради отсуството на контрола и санкционирање на несовесното фрлање на комуналниот отпад, покрај водотеците и во градските населби и во селските средини се создаваат диви депонии. Од нив голема количина пластика завршува во водите, предизвикуваат контаминација на подземните води, а потоа истата вода се употребува за наводнување на земјоделските производи. Отпадот наместо да биде соодветно собран, класифициран и обработен, целосно ги загадува водите, информираат од Институтот за комуникациски студии. фф/рп/

Остани поврзан