Еколошка акција за зазеленување на Сарај
- Еколошка акција за зазеленување на Сарај и јакнење на капацитетите за меѓуопштинска соработка помеѓу Градот Скопје и општините, денеска беше спроведена на иницијатива на дел од членовите на С

Скопје, 9 април 2022 (МИА) - Еколошка акција за зазеленување на Сарај и јакнење на капацитетите за меѓуопштинска соработка помеѓу Градот Скопје и општините, денеска беше спроведена на иницијатива на дел од членовите на Советот на Град Скопје. Во акцијата, како што информираат од Градот, учествуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
За време на денешните активности, градоначалничката Арсовска и советниците посетија повеќе локации каде се реализираа акции за чистење, а беа засадени и дрвја.
Покрај овие активности, градоначалничката Арсовска и советниците денеска остварија средби со членовите на советот на општина Сарај, каде разговараа за подобрување на меѓусебната координацијата со цел зголемување на ефикасноста во работењето. На средбите се разменија мислења и идеи за проекти, а се дадоа и предлози за подобро заедничко дејствување и меѓуопштинска соработка.
Иницијативата за денешната акција беше организирана од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје, а во активностите се приклучија и членовите од советничката група на АА. Според најавите од градските власти, Град Скопје и во иднина ќе дава поддршка на ваквите иницијативи. Оттаму ги повикуваат сите партии и граѓански здруженија да ја поддржат оваа активност и да дадат сопствен придонес.вј/
