• среда, 03 јули 2024

„Ековита" постави индикаторска станица за мерење на квалитет на воздух во Неготино 

„Ековита
Неготино, 3 март 2022 (МИА) - Поставена и пуштена е во работа првата мерна индикаторска станица во Неготино, за мерење на квалитетот на воздухот, информираат денеска од „Ековита", Здружение за заштита на животната средина. -Станицата мери и снима неколку податоци. Температура, влажност, ПМ - 2,5 ПМ- 10. Резултатите во реално време ќе бидат достапни до граѓаните на порталот ,,Мој воздух". Податоците се снимаат до една година  и ќе ни служат за споредување на измерените вредности. Резултатите не се најпрофесионални, но се индикатор кој ќе ни биде појдовна точка за понатамошни еко делувања, изјави за МИА, Сашко Тодоров, претседател на Здружението. Тодоров, дипломиран инженер по биологија, е дециден дека овие податоци ќе бидат од огромно значење за идни активности и основа за други истражувања. И предизвик за младите да ги продлабочат своите знаења. -Првата станица е  финансирана од сопствени извори, доколку се обезбеди донатор, во план ни е да се постават десетина во градот и селата. Доколку обезбедиме финансии за нови мерни станици,  тоа ќе ни помогне за следење  и откривање на нови евентуални загадувачи во Вардарскиот регион, нагласи Тодоров. свд/цр  

Остани поврзан