Еко-акција на повеќе локации во Македонска Каменица
- Вработени во Јавното претпријатие Камена Река од Македонска Каменица, задолжени за одржување на јавната чистота, успешно спроведоа еко-акција на повеќе локации во приградските делови на градот, соопштија денес од претпријатието.

Македонска Каменица, 28 ноември 2024 (МИА) – Вработени во Јавното претпријатие Камена Река од Македонска Каменица, задолжени за одржување на јавната чистота, успешно спроведоа еко-акција на повеќе локации во приградските делови на градот, соопштија денес од претпријатието.
Нивните активности опфатија чистење и уредување на местата Падарница, Репетитор, Луковички рид и над приградската населба Сарафско маало во Македонска Каменица.
-Со оваа акција, Јавното претпријатие Камена Река ги потврдува заложбите за зачувување на природата и постојано одржување на чиста животна средина на целата територија на Општина Македонска Каменица, соопштија од претпријатието.
Во таа насока, апелираа до сите граѓани и посетители на овие локации за поголема грижа кон природата.
-Да не оставаме отпад зад нас и да ги чуваме природните убавини. Само со одговорно однесување, можеме да обезбедиме чиста и здрава животна средина за сите нас и идните генерации, додадоа од претпријатието. Вакви и слични активности најавија и за наредниот период. вс/ир/
Фото: ЈП Камена Река