• недела, 22 декември 2024

Екоакција во Суви Лаки по повод Денот на планетата Земја

Екоакција во Суви Лаки по повод Денот на планетата Земја
Берово, 22 април 2021 (МИА)Беровската администрација спроведе екоакција по повод Денот на планетата Земја. Активностите се реализираа кај туристичката населба Суви Лаки со учество на вработени во ЈПКР „Услуга“ и жители од туристичка населба.
- Притоа собрани се големи количини комунален, кабаст и електронски отпад кај местото „Преведена“ во близина на Суви Лаки. Целта на акцијата е да се подигне свеста кај граѓаните, кон поголема грижа за природата, да се намали загадувањето и секој да придонесе кон поздрава и почиста животна средина, истакнаа од беровската администрација.
 
Додаваат дека во наредниот период вакви активности се планирани и на други локалитети на територијата на Општина Берово.
Денот на планетата Земја се одбележува ширум светот на 22 април, а за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата. вс/ар/

Остани поврзан