• среда, 24 јули 2024

Еквадор нема да испраќа оружје во Украина

Еквадор нема да испраќа оружје во Украина

Кито, 19 февруари 2024 (МИА) – Еквадор нема да испраќа оружје во Украина „бидејќи Киев е вклучен во конфликтот“, изјави денеска еквадорската министерка за надворешни работи Габриела Сомерфилд.

- Претседателот Даниел Нобоа издаде јасни упатства да не се испраќа воена опрема во која било земја вклучена во меѓународен вооружен конфликт, изјави Сомерфилд на состанокот на парламентарната комисија.

Според Сомерфилд, Еквадор се придржува до „мирно решение на конфликтот“. јт/

Остани поврзан