• четврток, 04 декември 2025

Езе нов фудбалер на Арсенал

Езе нов фудбалер на Арсенал

 

Лондон, 23 август 2025 (МИА) – Лондонски Арсенал денеска ги засили своите редови со англискиот репрезентативец Еберечи Езе од градскиот ривал Кристал Палас во договор вреден 60 милиони фунти, вклучувајќи осум милиони фунти бонуси, објави Би-Би-Си.

Езе (27) стана седмото летно засилување на Арсенал.

Претходно, Езе беше една од главните цели на Тотенхем, кој се согласија со условите и со Палас и со самиот играч.

Сепак, Арсенал испрати понуда во средата и Езе, кој е навивач на Арсенал од детството и ја започна својата кариера во младинската академија на клубот, одлучи да се врати во северен Лондон.

Спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта го опиша Езе како „креативен и експлозивен талент со огромен технички квалитет“.

Тренерот Микел Артета, пак, рече дека новото засилување „ќе донесе нова димензија во напаѓачката игра“.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан