• сабота, 21 декември 2024

Езерото Натрон - едно од најморничавите места во светот

Езерото Натрон - едно од најморничавите места во светот
Додома, 23 февруари 2022 (МИА) - Едно од најморничавите места во светот, но истовремено и чудно шармантно катче е езерото Натрон во африканската држава Танзанија. Водата од реките се влева во езерото, но може „да избега“ само со испарување. Како резултат на тоа, тоа е многу богато со талог. За разлика од другите солени езера, како Мртвото Море и Големото Солено Езеро во Јута, езерото Натрон е и доста алкално поради високите нивоа на натриум-карбонат (сода пепел) и натриум-бикарбонат (сода бикарбона), со пХ вредност до 12 - слично како амонијакот. Температурата на водата може да достигне 60 Целзиусови степени. Имајќи на ум дека натриум-карбонат и топла вода се користат за отстранување на месото од коските во практичната наука, јасно е дека езерото не е погодно за туризам. Тука можат да преживеат само неколку видови - главно микроорганизми прилагодени за екстремни услови и оние што се хранат со нив. А за оние од повисоката скала на синџирот на исхрана, многумина ќе речат, небаре „се претвориле во камен“... Сликите од птиците и од лилјаците се на фотографот-авантурист Ник Брант.  си/

Остани поврзан