• вторник, 12 ноември 2024

Едукација по прва помош за воспитувачките од велешките детски градинки

Едукација по прва помош за воспитувачките од велешките детски градинки
Велес, 21 септември 2022 (МИА) - Воспитувачките од сите клонови во ОЈУ Детска Градинка „Димче Мирчев“ денеска имаа едукација по прва помош од активисти лекари од Општинска организација на Црвен крст Велес, со цел да знаат правилно да им пружат итна прва помош. Едукацијата на воспитувачките се одржа затоа што честопати се наоѓаат во ситуација да има потреба за  давање на прва помош кај децата при различни видови на повреди, рани, скршеници и слично. Како што информира Орце Николов, секретар на Општинската организација на Црвен крст, едукацијата по прва помош ја одржа д-р Владо Хаџи Наумов, лекар со над четири-децениско волонтерско искуство во организацијата. На истата присутни беа околу 50 воспитувачки од Детските градинки. Тие ги научија постапките за давање прва помош во различни ситуации. Тој најави дека освен за воспитувачките едукација, во наредните денови ќе се одржи и за негувателките на децата од градинките. Додава дека овие едукативни предавања се дел од низата преку кампањата „Првата помош спасува живот“ со која Црвен крст продолжува да се зацврстува како водечка организација на полето на промоција на првата помош, а како вештина која треба да ја познаваат што е можно повеќе граѓани. ад/сх/

Остани поврзан