• понеделник, 23 декември 2024

Едукација „Колку децата си ги познаваат своите права?“

Едукација „Колку децата си ги познаваат своите права?“
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Канцеларијата на Народниот правобранител по повод Светскиот ден на детето - 20 Ноември дeнеска во средното економско- правно училиште на Град Скопје СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ - Скопје, ќе организираат настан на кој учениците ќе одржат врсничка едукација на повеќе теми - „Колку децата си ги познаваат своите права?“,„Колку ја познаваат Конвенцијата за правата на детето?“ и „Какви механизми постојат за заштита на нивните права“. Како што информираат од Народниот правобранител, во рамки на настанот ќе бидат презентирани податоците од спроведеното истражување за тоа „Колку учениците од средните училишта во градот Скопје се запознати со своите права и кои механизми ги препознаваат за заштита на истите“. На настанот ќе учествуваат ученици од повеќе средни училишта од градот Скопје, претставници од Министерството за образование и наука, Центарот за социјална работа и Град Скопје.фф/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан