• понеделник, 23 декември 2024

Едукативна работилница за младите жени лидери да дејствуваат во интерес на заедницата

Едукативна работилница за младите жени лидери да дејствуваат во интерес на заедницата

27 јануари 2024 

Продолжува реализацијата на едукативната програма „Girls power” на „Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој“ – СИГА во која се вклучени млади жени и девојки од Источниот регион на државата.  

Викендов во Берово се одржува четвртиот, последен модул од едукативни работилници, кој овој пат  е посветен на Проекти за граѓанска ревизија. По завршување на обуките секоја од учесничките кои се од Пробиштип, Кочани, Виница и Чешиново-Облешево ќе добие поддршка преку која ќе треба да спроведат општествена акција во следните два месеца која тие самите ја идентификувале како потреба на локално ниво.

Во претходните три модули учесничките поминаа низ едукација за личен развој, за јакнење на комуникациските вештини, за стекнување на вештини за препознавање на потребите на заедницата, но и за преземање на конкретни активности за постигнување на цели од интерес на општеството.

Низ модулите тие се воведуваат во светот на знаењето, самоувереноста и искуствата, но добиваат можност за вмрежување, взаемна соработка и постигнување на своите желби и амбиции.

Активностите за јакнење на лидерските вештини кај жените се дел од проектот на СИГА, „Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment“ и се поддржани од Германското друштво за меѓународна соработка  (ГИЗ),  како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.

Асоцијација за инклузивен и одржлив развој – СИГА

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан