• сабота, 27 јули 2024

Едукативна акција во Велес, возилата да се заменат со возење на велосипед и пешачење

Едукативна акција во Велес, возилата да се заменат со возење на велосипед и пешачење
Велес 19 март 2021 (МИА) - Претставници на Општина Велес, во соработка со Здруженијата на граѓани „Велес Бајкинг”, ЕД „Грин пауер” и ЕД „Вила зора”, со поддршка на СВР Велес, на три локации во градот, денеска делеа налепници за возачите на автомобили. Како што информираат од општината, целта на настанот беше да се поттикнат граѓаните да ги остават автомобилите и да го поминат Денот на пролетта - 21 март, во пешачење, рекреација и користење на велосипедот како превозно средство. Случајни минувачи, исто така, беа анкетирани и го дадоа своето мислење за подобрување на сообраќајот во градот, како и за можноста за определување на локации наменети за пешачки и велосипедски патеки.ад/ар/

Остани поврзан