• недела, 22 декември 2024

Едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“ во ООУ „Кирил и Методиј“ во струмичко Дабиље

Едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“ во ООУ „Кирил и Методиј“ во струмичко Дабиље

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Во рамки на едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“, денеска во ООУ „Кирил и Методиј“ во струмичкото село Дабиље ќе се одржи седмото предавање за корупција.

На настанот ќе се обрати претседателка на Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска. 

Целта на кампањата е учениците да се едуцираат за важноста на интегритетот и борбата против корупцијата да научат колку е важно чесното живеење и дејствување, да ги резберат штетните ефекти од коруптивните дејанија и со нулта толеранција да пристапуваат кон лицата кои ја извршуваат.

Оваа кампања на Државната комисија за спречување на корупција е дел од Активноста за анти-корупција и интегритет која ја спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, а е финансирана од УСАИД. дма/вј/

Фото: Тим на кампањата

Остани поврзан