• понеделник, 23 декември 2024

Едукативен настан за идните доктори за мултипла склероза

Едукативен настан за идните доктори за мултипла склероза
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Македонската медицинска студентска асоцијација денеска ќе одржи  едукативен интерактивен настан за мултипла склероза на кој ќе присуствуваат студенти, специјализанти и пациенти. Настанот што ќе се одржи во големата сала во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, а е организиран во соработка со Националното здружение за мултипла склероза со цел подигнување на свеста и знаењето на идните доктори за оваа болест и приближување до искуствата што ги преживуваат пациентите. сх/бак/

Остани поврзан