• понеделник, 25 ноември 2024

Едукативен интерактивен настан за мултипла склероза на Медицински факултет во Скопје

Едукативен интерактивен настан за мултипла склероза на  Медицински факултет во Скопје

Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) - Националното здружение за мултипла склероза (МС) во соработка со Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА), денеска организира едукативен интерактивен настан во амфитеатар на деканатот на Медицински факултет, со почеток од 12:45 часот, а по повод Националните денови на МС. Целта на настанот е да се подигне свеста и интересот на идните доктори за оваа болест и приближување до искуствата што ги преживуваат пациентите со МС од друг агол.

- Доц. д-р Игор Кузмановски од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија-Скопје, ќе зборува за историјатот и карактеристиките на болеста, а потоа приказ на случај со присутен пациент со мултипла склероза што ќе му даде сосема нова димензија на самиот настан. Студентите ќе имаат можност теоретски да се запознаат со симптомите, процесот на дијагноза, изборот на третман и практично да го видат и да го осознаат презентираниот пациент, велат организаторите.

Настанот е организиран за студенти, специјализанти, доктори и пациенти со МС. ир/аа/

 

Фото: Националното здружение за мултипла склероза

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан