Едно лице загина при експлозија во фабрика во Нова Горица
- Едно лице загина денеска при експлозија во напуштен индустриски објект во Нова Горица.

Љубљана, 4 ноември 2020 (МИА) - Едно лице загина денеска при експлозија во напуштен индустриски објект во Нова Горица.
Несреќата се случила околу три часот утрово, кога експлодирал плински уред по што избил пожар, а животот го загубил еден маж кој во моментот се наоѓал во објектот.
Пожарот е изгаснат од пожарникарските служби, кои притоа ги отстраниле и преостанатите плински уреди. гт/