„Еднаква“: Дискредитација на новинарката Здравковска е форма на притисок врз слободата на медиумите
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 11 април 2025
Женската медиумска мрежа „Еднаква“ при ССНМ ги осудува обидите за дискредитација на работата на колешката-дописник на „Сакам да кажам“ од Битола, Жанета Здравковска. Локални функционери преку објави на социјалните мрежи го означија како „лажна вест“ текстот на колешката насловен како: „Загубарот Битолски комуналец склучи договор за набавка на кучешка храна од 57.000 евра за една година“.
Со тоа тие се обидуваат да извршат притисок врз колешката Здравковска и да го нападнат нејзиниот новинарски интегритет, но и да го нарушат кредибилитетот на медиумот за кој пишува.
Женската медиумска мрежа „Еднаква“ апелира и ги предупредува локалните функционери дека не е нивна работа да изнесуваат квалификации дали одредена новинарска содржина е вистинита, и дека тоа претставува директен притисок врз слободата на медиумите.
ССНМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ССНМ