• понеделник, 23 декември 2024

Едмонд Османи назначен за админстратор на АЕ Требиште

Едмонд Османи назначен за админстратор на АЕ Требиште
Дебар,12 јануари 2020 (МИА) – Едмонд Османи, познат активиност за правата на Македонците во Албанија и потпретседател на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, е назначен за администратор на админстративната единица Требиште - област Голо Брдо. Наименуван е со решение на градоначалникот на општина Булќиза, Лефтер Ала, а во согласност со Владата во Тирана. Административната единица Требиште всушност е некогашната општина Требиште, што беше укината со законот за територијална поделба, опфаќа шест села, кои сега потпаѓаат под општина Булќиза. -Ова е одговорна функција, бидејќи сите надлежности околу функционирањето на амдинистративната единица се на администраторот. Просторно сме во објектот на поранешната општина, сите простории се функционални и се сместени службите за социјална заштита, урбанизам како и други служби, вели Османи. Четириесет и две годишниот Османи е дипломиран економист, а до сега работел во повеќе сектори во општина Требиште. Според Османи, нов адиминстратор има и општина Острени, што опфаќа дванаесет села. На оваа функција е поставен Алтин Тоља, Македонец од Острени. На првата средба со новите администратори на админстративните единици во општина Булќиза, градоначалникот Ала побарал да се посвети посебно внимание во реализација на предвидените проекти што се во интерес на сите жители. За подобрување на патната инфраструктура во адмнистративните единици Требиште и Острени со општинскиот буџет за оваа година предвидени се четири проекти.вт/бт/

Остани поврзан