• понеделник, 20 мај 2024

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција

Анкара, 20 април 2024 (МИА) - Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.

Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.

Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.са/

Фото: Анадолија

 

Остани поврзан