• петок, 05 декември 2025

Еден активен пожар вечерва, осум се под контрола

Еден активен пожар вечерва, осум се под контрола

Скопје, 29 август 2025 (МИА) - Од евидентирани девет пожари денеска, до 20:30 часот еден е активен, а осум се ставени под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи ЦУК. Активен е пожар на отворен простор, во општина Кавадарци, во близина на Тиквешкото езеро каде гори нискостеблеста шума и трева.

-Под контрола  се пожарите во подрачјето на Јасен каде гореше мешана шума, во Гевгелија на планината Кожуф, во Желино кај селата Мерово и Церово, во Врапчиште помеѓу селата Добри Дол и Врапчиште, во Долени кај село Долгаец, во Сарај кај село Копаница и во Битола во местото Ергела. бк/ев/

ФОТО: Архива 

 

Остани поврзан