Египетски медиуми: Европскиот набљудувачки тим ќе отпатува во Египет за договорот за Газа

Брисел, 16 јануари 2025 (МИА) - Европски мониторинг тим ќе пристигне во египетската престолнина на почетокот на следната недела за да помогне во спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Газа постигнат меѓу Израел и Хамас, јавија египетски медиуми.
Делегацијата од Европската мониторинг мисија треба да работи на воспоставување механизам за продолжување на операциите на палестинската страна на граничниот премин Рафа со Египет, јави државната телевизија Ал Кахера њуз без да даде дополнителни детали, пренесе ДПА.
Во мај минатата година, Израел ја презеде контролата врз страната на Газа на преминот Рафа со Египет, во операција со која беше запрена испораката на помош преку виталниот објект во густо населениот крајбрежен појас.
Во средата, посредниците Катар, Египет и САД објавија договор за прекин на огнот за ослободување на заложниците во Газа, што треба да стапи на сила в недела. зш/