ЕВРО 2020: Холандија трета селекција со обезбеден пласман во плејофот
- Во натпреварот од второто коло од групната фаза на ЕВРО 2020, репрезентацијата на Холандија вечерва во Амстердам ја совлада селекцијата на Австрија со 2:0.

Амстердам, 17 јуни 2021 (МИА) - Во натпреварот од второто коло од групната фаза на ЕВРО 2020, репрезентацијата на Холандија вечерва во Амстердам ја совлада селекцијата на Австрија со 2:0.
Во 11. минута Мемфис Депај го отвори резултатот од пенал, Дензел Дамфрис во 67. минута ги постави конечните 2:0.
Холанѓаните имаат шест бода и водат во групата Ц. Тие веќе обезбедија пласман во осминафиналето. Австријците имаат три бода и се трети. Украина, која е втора, има исто така три бода, додека македонската репрезентација е на последното место без освоен бод.
Претходно место помеѓу 16 најдобри обезбедија Белгија и Италија. зс/