• недела, 22 декември 2024

Евростат: Се поголем број Европејци купуваат преку интернет

Евростат: Се поголем број Европејци купуваат преку интернет

Луксембург, 24 февруари 2021 (МИА) - Kупувањето преку интернет е во пораст во земјите-членки на Европска Унија поради промената на навиките на граѓаните, а пандемијата најверојатно ќе го забрза овој тренд, се наведува во извештајот на европската агенција за статистика Евростат.

Во 12-месечниот период што завршува во март, 89 проценти од граѓаните на ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле интернет, а 72 проценти од нив купиле или нарачале артикли или услуги за приватна употреба, се наведува во истражувањето на Евростат за 2020 година.

Во 2019 година 68 проценти од корисниците користеле интернет за купување, а во 2015 година - 62 отсто. Најголем број на набавки преку интернет е регистриран во Холандија – 91 проценти, а во Данска и Данска изнесува 90 отсто, а на трето место е Германија, каде 87 проценти од корисниците се одлучиле да купуваат преку интернет.

Во Хрватска во набљудуваниот период 69 отсто од корисниците користеле интернет за купување, додека помалку од половина од корисниците на интернет во Романија (45 проценти) и во Бугарија (42 отсто) купувале „онлајн“

Податоците за Франција и Италија не беа достапни.

Евростат наведува дека 64 проценти од корисниците купувале облека, обувки и додатоци, а 32 отсто набавувале филмови и серии.

Испорака на храна и пијалоци од ресторани, ланци за брза храна и ресторани нарачале 29 проценти, а 28 отсто купиле опрема за домаќинство и градини. Речиси ист процент купувале козметика, печатени книги, списанија или весници, музика, компјутери, таблети, мобилни телефони или опрема. ми/

Остани поврзан