Европски фронт: Неприфатливо е исклучување на мултиетничката реалност во стратешкиот дијалог со САД
- Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави претставува процес од особена важност и ние го поддржуваме како таков. Сепак, начинот на кој е составена делегацијата што ќе ја претставува државата во Вашингтон го нарушува овој процес, се вели во реакцијата од Европски фронт што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 31 март 2026
Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави претставува процес од особена важност и ние го поддржуваме како таков. Сепак, начинот на кој е составена делегацијата што ќе ја претставува државата во Вашингтон го нарушува овој процес, се вели во реакцијата од Европски фронт што МИА ја пренесува интегрално.
Едноетничкиот состав на делегацијата не ја одразува мултиетничката реалност на државата и претставува отворено и намерно исклучување. Ваквиот пристап не може да се оправда и претставува опасен преседан во меѓународното претставување на државата.
Владата, наместо да го рефлектира диверзитетот и еднаквоста загарантирани во државата, избира да го игнорира темелот врз кој е изградена соживотот. Охридскиот рамковен договор не е политичка формалност, туку основа на уставниот поредок и функционирањето на државата. Секое негово заобиколување е неприфатливо.
Делегација што не ги претставува сите граѓани нема целосен легитимитет да зборува во име на државата во вакви важни стратешки процеси.
Остро го осудуваме овој исклучувачки пристап и бараме институционална одговорност, како и еднаква вклученост во меѓународните претставувања.
Воедно, го осудуваме ставот на ВЛЕН, кој со својата поддршка кон оваа влада стана дел од ова исклучување и легитимираше неприфатлива дискриминаторска практика.
Еднаквото претставување не е политички избор – тоа е уставна обврска.
Европски фронт
Фото: МИА архива