• недела, 22 декември 2024

Европски фронт: Албанската опозиција  да не ги попречува намерно предизборните активности и да ги почитува демократските принципи

Европски фронт: Албанската опозиција  да не ги попречува намерно предизборните активности и да ги почитува демократските принципи

Скопје, 29 април 2024 

Во име на Изборниот штаб на Европскиот фронт и нашите поддржувачи, сакаме да го изразиме нашето разочарување и загриженост од ненадејната одлука на опозицијатаз да одржување на нивниот митинг истиот ден и на истото место каде што ние имаме потврда од полицијата и повеќе од една недела најавуваме дека на 6 мај ќе го одржиме завршниот митинг на плоштадот во Тетово.

Оваа постапка на опозицијата, која дури денеска излезе во јавноста, не само што е очигледно кршење на принципите на взаемно разбирање и координација кои треба да преовладуваат во политичките активности, туку и непотребна провокација која може да ја загрози јавната безбедност и мирот.

Бараме опозицијата да ја преиспита својата одлука и да избере друг датум за нивната активност, за двете партии слободно и непречено да ги искажат своите ставови и програми.

Ние сме посветени  на обезбедување безбедна и мирна средина за сите граѓани кои сакаат да учествуваат на нашиот митинг и повикуваме на едно мирно и одговорно решение која ќе ги почитува правата и безбедноста на сите учесници.

Ги повикуваме сите наши граѓани и поддржувачи на смиреност и достоинствено однесување, воздржувајќи се од секаков облик на провокација.

Од суштинско значење е сите политички актери да покажат умереност и да работат заедно за да гарантираат слободен, фер и мирен изборен процес.

Европски фронт 

______________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан