Европски сојуз за промена: Власта ги празни семејните буџети со драстично поскапување на струјата
- Нова година, ново крадење на граѓаните од криминализираната власт во заминување, овој пат и преку сметки за струја.
Скопје, 19 јануари 2024
Нова година, ново крадење на граѓаните од криминализираната власт во заминување, овој пат и преку сметки за струја.
Почитувани, во моменти кога граѓаните се на работ на егзистенција, а сиромаштијата се зголемува, корумпираната Влада уште повеќе ги удира со драстично поскапување на струјата.
Тоа најдобро ќе го докажат сметките што се очекува да стигнат до граѓаните.
Ајде да одиме со подетално објаснување за да не разбере секој граѓанин:
Ова греалка троши 2 киловати на час, да претпоставиме дека едно семејство го користи 12 часа на ден и испаѓа дека во рок од еден месец троши 720 киловати и автоматски ова домаќинство се рангира во третиот блок потрошувачи на електрична енергија, кои имаат значителен пораст во цената на струјата и покрај лагите на власта дека струјата е намалена.
А драги граѓани, ако пресметаме дека на сите ни треба не само греење, туку и да подготвуваме храна, да користиме машина за перење, да стоплиме вода, тогаш можете ли да замислите што не чека кога ќе дојде сметката на крајот на месецот - изнесуваат огромни суми што треба да ги платиме и на тој начин Владата ни го празни целиот семеен буџет.
Што се однесува до појаснувањето, дали знаете кои корисници се ослободени од струја - само оние кои веќе ги напуштиле домовите бидејќи и да ги запалеле светилките пак ќе го надминат првиот блок.
Не дека ние сме сиромашни, туку тие не крадат во секоја сфера од животот, не крадат во храна, во егзистенција, во струја. Па, патем, и меѓународниците предупредија дека корупцијата и кражбите станаа епидемија.
И од сето ова што го кажавме, излегува дека лажниот ПР на Власта дека е намалена цената на струја е само уште една чиста лага.
Така да, за крај, според ова логика само едно можеме да кажеме дека нашите деца треба да се греат само со оваа греалка на овие ниски температури, додека тие не крадат и трошат милиони.
Европскиот сојуз за промена во партнерство со народот ќе стави крај на ова лошо владеење.
изјавата на Фари Хисени од Европски Сојуз за Промена (ЕСП)
_________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: ЕСП