• недела, 29 септември 2024

Европските лидери со честитки до Макрон: Сметаме на Франција додека си ти претседател

Европските лидери со честитки до Макрон: Сметаме на Франција додека си ти претседател
Париз, 24 април 2022 (МИА) - Емануел Макрон е реизбран за француски претседател, според првите проекции на изборните резултати во кои актуелниот лидер се спротивстави на кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен. Франс 24 објави дека според првичните проекции, Макрон освоил 58,2 отсто, а Ле Пен 41,8 отсто од гласовите. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му честитаа на Макрон. „Почитуван Емануел Макрон, честитки за вашиот реизбор за француски претседател, со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата извонредна соработка. Заедно ќе ги покренеме Франција и Европа“, напиша Фон дер Лајен на Твитер. „Честитки, драг Емануел Макрон. Во овие турбулентни времиња ни треба силна Европа и Франција која е целосно посветена на суверена Европска унија. Можеме да сметаме на Франција уште пет години“, напиша Мишел на Твитер. Честитки упати и британскиот премиер Борис Џонсон. „Честитки Макрон  на Вашиот реизбор за претседател на Франција. Франција е еден од нашите најблиски и најважни сојузници. Со нетрпение очекувам да продолжиме да работиме заедно на прашањата кои се најважни за нашите две земји и за светот“, истакна Џонсон. ссм/

Остани поврзан